Дома Магазин сцена Која актерка ќе ја глуми Саманта во третиот дел на филмот „Sex...

Која актерка ќе ја глуми Саманта во третиот дел на филмот „Sex and the City“

615
0
АКЦИЈА

Дали и вие сте дел од оние кои не можат да се наситат од авантурите на Кери, Саманта, Шарлот и Миранда во филмот „Sex and the city“?

Сигурно серијата ја гледате одново и одново, но што велите за снимање на трето продолжение од филмот за четирите пријателки, кои рушеа табуа на теми како секс, брак и пари?

Сè уште не е официјално потврдено снимањето на третиот дел, особено поради компликациите со актерката Ким Катрал, која уште во 2016 изјави дека не сака повторно да се појави во улогата на фамозната Саманта Џонс.

Mногу актерки не би можеле да ги доловат страста и сексапилот на Саманта во фамозниот филм, но ова сигурно не би било тешка улога за легендарната Шерон Стоун.

Но, за среќа на фановите на овој филм, најновите информации се дека снимањето можеби ќе се случи со тоа што на местото од Ким ќе ја видиме Шерон Стоун.

Сара Џесика Паркер изјави дека легендарната актерка би била одлична во улогата на Саманта.

Инаку, несогласувањата помеѓу Сара и Ким траат години наназад и тоа најверојатно е главната причина зошто Ким не сака да продолжи со снимањето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here