Загадувањето на воздухот и утринава над дозволеното. Граѓаните на Скопје повторно се гушат во канцерогените пм 10 честички, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост над нормалата.
Мерните станици во Лисиче(111) и Ректорат(109) бележат двојно повисоко ниво на загаденост. Градот Скопје веќе подолго време е на листата на најзагадени градови во светот.