Дома Свет ВИДЕО: Утрово соборен израелски борбен авион F-16 на југот од Сирија

ВИДЕО: Утрово соборен израелски борбен авион F-16 на југот од Сирија

459
0
АКЦИЈА

Израелската војска соопштила дека соборила ирански дрон кој влегол во земјата, и дека гаѓала ирански мети во Сирија, кои го лансирале, јавуваат агенциите.

Се наведува дека израелски авиони се соочиле со силна противвоздушна одбрана од Сирија, која ги принудила израелските пилоти да го напуштат авионот Ф-16, кој се урна на северот од Израел.

Во соопштението се наведува дека пилотите се повредени и евакуирани во болница.

На северот од Израел се огласиле сирени како резултат на сирискиот напад.

Експлозиите можеле да се слушнат во регионот во Либан, во близина на сириската граница.

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус рекол дека Иран е одговорен за ова „тешко кршење на израелскиот суверенитет“.

Војската наведува дека „ги надгледува настаните и целосно е подготвена за понатамошни акции“.

Израелската војска соопштила меѓутоа, дека само еден авион е оштетен додека бил на мисија да ја погоди „иранската инсталација“, која лансирала дрон од Сирија со што ги негирала наводите на Сирија дека се погодени повеќе од еден авион.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here