Дома Дописи/читатели Злобата раѓа злоба – до кога општеството ќе тоне во омраза, до...

Злобата раѓа злоба – до кога општеството ќе тоне во омраза, до каде ќе одиме со злобата?

568
0
АКЦИЈА

Злобата раѓа злоба – до кога општеството ќе тоне во омраза, до каде ќе одиме со злобата?

Тоа е првата реакција на актерот Драган Спасов Дац по прегазувањето девојка во алкохолизирана состојба кој две и пол години сееше злоба и омрза како учесник во шарената револуција само за да стане директор. Истиот Дац пред два месеци како вд директор на МНТ им се закани на вработените актери кога откажаа една театарска представа во знак на протест за злобата нанесена на неговиот колега Владо Јовановски кој повеќе од злобно ни крив ни должен го осомничија за терорист и го ставија во притвор на минусни температури.

Ниту кога шараше по спомениците и државните објекти, ниту кога пишуваше фејсбук статуси полни со обвинувања кон луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, ниту кога неговиот колегата Владо Јовановдки недолжен го затворија заради патриотски чуства, Дац немаше чуство дека со злобата се отишло предалеку. Ама кога тој лично пијан возел кола и згазил девојка, и кога јавноста на фејсбук го нападна него, одеднаш Дац почуствува дека далеку се отишло со злобата.
Колку повеќе се чуствува нешто кога ќе е врз себе удрено. И колку Дац не го боли кога е врз Владо Јовановски, Борис Дамовски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски или Никола Груевски, Елизабета Камческа, Миле Јанакиески, Митко Чавков, не што не го болеше туку тогаш уживаше.
Згора на тоа, откако се отрезнил, сфатил дека е премногу отидена работата, го информирале дека под притисок на јавноста мора да го разрешат, па објавува божем сам се повлекува како морален чин. Лажење-сушење. Немаше да чека 20 саати и да пишува колку малку испил ако сакаше да поднесе отказ од морални причини. Ќе поднесеше веднаш, а не одкако Зоран Заев виде дека нема да може да го издржи притисокот на јавноста, па му јави да не се брука и да се повлече.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here