Дома Популарно Фрчат “брачни” проекти во општина Карпош! Сопругата на претседателот на советот ќе...

Фрчат “брачни” проекти во општина Карпош! Сопругата на претседателот на советот ќе се грижи за ‘рбетниот столб на учениците од 6то до 9тто одделение

2192
0
АКЦИЈА

Нема ништо лошо во грижата кон најмалите генерации во општината. Особено што модерните трендови на општеството го нарушуваат правилниот развој на младите генерации, пред се поради тоа што премногу време поминуваат на паметните уреди како компјутерите и телефоните со напредна технологија.

Општина Карпош и градноачалникот Стефан Богоев. вчера најавија проект во соработка со Заводот за физикална медицина и рехабилитиација-Скопје, во кој како што изјави тој ќе се започне со бесплатни прегледи за рано откривање на деформитети во ‘рбетниот стоб кај учениците од 6то до 9тто одделение.

Овој проект и не е од некој револуционерен или реформски карактер, пред се затоа што вакви прегледи се спроведуваат во склоп на систематските прегледи кои секоја година се вршат на децата во сите училишта. Втората причина е што вакви проекти во општина Карпош се спроведуваат години, години наназад и започнуваат некаде пред почетокот на 70тите години.

Она што е интересно и впечатливо за нас се фамилијарните релации кои изобилуваат во “реализацијата” на проектите во општина Карпош. Имено директор на Завод за физикална медицина и рехабилитација-Скопје е Др. Маја Манолева, сопруга на претседателот на совет на општина Карпош, Андреј Манолев.

Доктор Маја Манолева, паралелно со своето директорвање во заводот, управува и со приватна здравствена установа „ФИЗИОПЛУС Д-Р МАНОЛЕВА“- Скопје. За овој судир на интереси неколку пати беше посочено од Државната комисија за спречување на корупцијата. Маја Манолева сеуште се нема повлечео од фунцијата управител во  ПЗУ „ФИЗИОПЛУС Д-Р МАНОЛЕВА“- Скопје

Извор: ЛИБЕРТАС

Сега за сега, немаме информации како ќе се одвива реализацијата на овој проект од финансиски аспект. Дали средства на општината ќе се слеат на Заводот за физикална медицина и рехабилитација-Скопје или овој проект ќе биде подмирен на поинаков начин или пак ќе биде бесплатен.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here