Дома Македонија Забрана на патот Маврово-Дебар, внимавајте сообраќајот на државните патишта се одвива по...

Забрана на патот Маврово-Дебар, внимавајте сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

409
0
АКЦИЈА

Поради снежна лавина кај манастирот Бигорски патниот правец Маврово- Дебар целосно е во прекин од 06.00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби.

Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За сите подетални информации јавете се на дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја веб страница www.makedonijapat.com.mk

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here