Дома Популарно Хорор во Кочани! Ја бркал и бодел сопругата, па се фрлил од...

Хорор во Кочани! Ја бркал и бодел сопругата, па се фрлил од тераса

635
0
АКЦИЈА

Кочанчанец најпрвин ја усмртил својата сопруга, а потоа бегајќи од полицијата се фрлил од терасата во семејниот дом и починал на лице место. Жената во тешка здравствена состојба била однесена во болницата, каде починала. Настанот се случил утринава околу 3 часот, во куќа на улицата „9 Мај“ во Кочани, која сеуште е во изградба а станува збор за сопружниците Благојчо (54) и Ленче (44) Анчови.

Случајот е потврден од полицијата, која не соопштува никакви детали, бидејќи истрагата е сеуште во тек.
Неофицијално, на трагедијата и претходела караница меѓу мажот и жената. Благојчо ја бркал Ленче низ куќата и ја бодел со остар предмет. Потоа со тап предмет ја удирал по главата. Во меѓувреме во нивната куќа пристигнала полицијата, чии припадници се обиделе да го фатат мажот. Тој некако им побегнал, стигнал на терасата од куќата и се фрлил на земја. Починал на лице место.
Се чека да заврши истрагата, по што од МВР ќе биде објавена официјална информација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here