Дома Македонија Вести Над 100 илјади евра за привремени вработувања во Владата годишно

Над 100 илјади евра за привремени вработувања во Владата годишно

443
0
АКЦИЈА

Владата склучи договор од над 56 илјади евра за привремени вработувања со Агенцијата за привремени вработувања „Мотиви“. Според склучениот договор, агенцијата ќе треба да ангажира работници како замена за привремено отсутен работник, при привремено зголемен обем на работа, за работа на проекти и сл. Во август минатата година, со истата агенција, Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор за привремени вработувања за околу 50 илјади евра. Што значи дека за цела година, Владата планира да потроши 106 илјади евра за привремени вработувања

Освен Владата, и Собранието бара работници за привремено вработување. Во понеделникот беше објавен огласот за привремени вработувања за над 13 илјади евра, а основниот критериум е најниската цена.

По завршувањето на локалните избори, во тек се или завршија огласите за привремени вработувања во голем број општини во државата, како и во повеќе јавни претпријатија.

БИРН веќе пишуваше дека и покрај тоа што Македонија редовно се наоѓаше на тапет на меѓународната заедница за прекубројноста на администрацијата и можноста за привремени вработувања кои ја отвораат вратата за вработувања без конкурс, евидентно е дека тенденцијата на големиот број вработувања во јавниот сектор ќе продолжи и во иднина.

Извор: ПРИЗМА.МК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here