Дома Свет Балкан Дачиќ: Арогантно е да се бара од Србија да го признае Косово

Дачиќ: Арогантно е да се бара од Србија да го признае Косово

462
0
АКЦИЈА

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека заедничката позиција на ЕУ не наложува Србија да мора да го признае Косово и додаде дека е арогантно, неприфатливо и контрапродуктивно тоа да се бара од Србија.

– Моја работа не е да му се додворувам на (германскиот министер за надворешни работи Зигмар) Габриел, туку да ги бранам интересите на Србија, истакна Дачиќ.

Српските медиуми претходно пренесоа дека Габриел во Приштина изјави дека Србија треба да ја прифати независноста на Косово за да стане членка на ЕУ.

– Буквално така рекол во Приштина и потоа заминал на ручек во домот на (Беџет) Пацоли. Немам ништо против, секој нека мисли што сака, но со Србија така не може да се разговара, истакна Дачиќ.

– Ја почитувам Германија и ќе работиме за нашите добри односи. Србија се радуваше на обединувањето на Германците – само толку сакам да кажам, истакна Дачиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here