Дома Популарно Блокирани се сметките на преку 50.000 домакинства во град Скопје

Блокирани се сметките на преку 50.000 домакинства во град Скопје

696
0
АКЦИЈА

Во изминатиот период неколку граѓани ни се пожалија дека нивните трансакциски сметки се блокирани за присилна наплата на данок за имот. По наше кратко исражување дојдовме до сознание дека не станува збор за неколкумина, туку за бројка над 50.000 блокирани сметки. Причина за тоа е потребата на финансиски средства, која градските власти одлучиле на овој начин да ги прибават, а притоа да ги оправдаат своите мерки.

Блокадите ги направија деловните банки по наредба на градоначалникот на град Скоје, Петре Шилегов и градоначалниците на 10те Скопски опшини. Дознаваме дека општините во градот Скопје, како резултат на чудните одлуки за запирањето на градежните работи во градот, изминатите два и половина месеци, имаат историски најниски приходи. За да ја подобрат финанасиската состојба и да ги наполнат касите, градоначалникот на Скопје заедно со другите градоначалници одлучиле да ги блокираат сметиките на граѓаните кои не платиле данок на имот. Граѓаните, покрај главниот долг ќе мора да ја платат законски затезната камата која изнесува 0.05% на ден и трошоците за блокирање и деблокирање на сметките, направени од страна на банките. Тоа значи дека на некои од граѓаните, обврските од данокот на имот, заедно со каматите и трошоците за блокирање и деблокирање на сметките ќе им бидат значително поскапи и присилно наплатени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here