Дома Македонија Инспекторатот за земјоделство си се почестил со нов луксузен автомобил

Инспекторатот за земјоделство си се почестил со нов луксузен автомобил

490
0
АКЦИЈА

Државниот Инспекторат за земјоделство пред Нова Година си се подновил со луксузен автомобил вреден над 32.000 евра. Според договорот за јавна набавка кој В.Д. директорот Јане Станкоски го склучил со компанијата Јосифов од Битола, на 25 декември минатата година, купен е автомобил од типот седан за цена од 2.010.124 денари.

Во договорот не е прецизирано за каков тип на автомобил станува збор, но затоа се повикува на завршена постапка за јавна набавка.

И преку неа не може да се открие типот на возилото но затоа може да се види дека фирмата Јосифов била единствен понудувач на тендерот.

Ако се провери компанијата Јосифов на интернет може да се види дека станува збор за овластен дилер на автомобилите од типот Шкода.

Според неофицијалните информации, станува збор за супер луксузна Шкода Супер Б, најскапата лимузина од гамата на овој производител.

Очигледно автомобилите се во мода меѓу македонските политичари и државни службеници. Така пред неколку дена медиумите објавија и за градоначалникот на Дебар, Ружди Љата кој набавил луксузен џип вреден дури 50.000 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here