Дома Македонија Вести Кој преживее ќе дочека пензија….

Кој преживее ќе дочека пензија….

501
0
АКЦИЈА

Деновиве масло на огнот додаде и шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Џесмин Рахман, која рече дека состојбата со дефицитот во пензискиот фонд во Македонија е проблематична и се движи кон 10 проценти од БДП, па затоа и македонските граѓани треба даодат во пензија како и оние од земјите на ЕУ.

Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежните работници и трговците во градежништвото-НСГРИТГ се против препораките на Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на старосната граница за одење во пензија во Македонија.

Како независни синдикати, велат, нема да дозволат да се зголеми старосната граница.

Според синдикалецот Атанас Трајковски, зголемувањето на старосната граница, подразбира “пензионирање во ковчег”.

Ова се само дел од реакциите откако овој месец се актуелизираше прашањето дали треба да се зголеми старосната граница за пензионирање за да се спаси пензискиот Фонд, кој е во сепоголем дефицит. Анализа правена од институтот “Фајнанс тинк” насочи кон тоа дека вакво нешто е непходно, заедно со раст на пензискиот придонес, со забелешка дека треба да се воведе постепено за период од 10 години.

Деновиве масло на огнот додаде и шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Џесмин Рахман, која на прес-конференција во Скопје орече дека состојбата со дефицитот во пензискиот фонд во Македонија е проблематична и се движи кон 10 проценти од БДП.

– За да се постигне стабилност на пензискиот систем ние препорачавме возрасната граница за пензионирање да биде во согласност со земјите на ЕУ, бидејќи вашата земја очекува сличен животен стандард со ЕУ. Исто така, порастот на пензиите треба да зависи од инфлацијата, а не како сега со половина од растот на инфлацијата и платите, истакна таа.

Според Рахман, во моментов дефицитот во пензискиот фонд е 4.5 отсто од БДП. Според статистиките на ММФ, овој дефицит во пензиската каса во 2030 година се очекува да достигне до 10.5 отсто од БДП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here