Дома Популарно Рама бара Косово и Албанија да имаат ист претседател, Тачи бара војска...

Рама бара Косово и Албанија да имаат ист претседател, Тачи бара војска за Косово!

480
0
АКЦИЈА

Албанскиот премиер Еди Рама предложи Албанија и Косово да имаат заеднички претседател. Рама ова го предложи обраќајќи се во парламентот на Косово на свечената седница по повод десеттата годишнина од независноста на Косово.

„Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии, зошто не и еден претседател како симбол на националното единство и националната безбедносна политика“, кажа Рама обраќајќи им се на косовските пратеници. Тој призна дека е малку веројатно тоа да се реализира во скоро време. „Можеби оваа идеја не е вистинска на национално ниво, но историјата ни порачува дека остварувањето на сонот не е невозможно“, кажа Рама.

Тачи рече дека е решителен во тоа Косово да добие своја војска, додавајќи  дека стратешките партнери на Косово и на НАТО целосно го поддржуваат тој процес.

Денеска во Собранието на Косово се одржа свечена седница по повод одбележување на 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово. Претседателот на Собранието, Кадри Весели, оценил дека Ослободителната војска на Косово со Адем Јашари, илјадниците нејзини припадници, како и мировниот проект на Ибрахим Ругова, се синоними за слободата на Косово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here