Дома Македонија Тежок скандал во МТСП! Пијат алкохол и играат оро на работа „Мила...

Тежок скандал во МТСП! Пијат алкохол и играат оро на работа „Мила е наша, не ни е гајле“ (ВИДЕО)

830
0
АКЦИЈА

Скандалозна аудио снимка се шири на интернет просторот  на кое се слуша како вработени во МТСП наместо да работат, во работно време во просториите на Министерството, пијат алкохол, слушаат гласна музика и играат оро.

Во транскриптот на видеото стои дека „расположените“ вработени се инспектори и раководители на одделенија, најверојатно поставени од СДСМ. Во разговорот се слуша дека не им е гајле што се гласни и играат оро, бидејќи Мила е нивна и дека и нејзе ќе ја викнеле со нив. Ова е уште еден во низата скандали кои ја тресат Мила Царовска.

Цароска мора да даде одговори на јавноста зошто раководителите и инспекторите назначени од нејзе, наместо да работата, во ек на работно време пијат и играат во канцелариите на министерството. Царовска мора да им одговори на граѓаните, зошто администрацијата која сите граѓани ја плаќаат да работи за нивно добро, наместо да ја работи работата која со закон е должна да ја работи се однесува неприкладно и државните институции ги третира како кафеана.

Ова е скандал кој покажува до кое ниво е доведена администрацијата, која очигледно е до крајност исполитизирана. Самиот факт што истите се дрзнале да го претворат Министерството во биртија, само затоа што се СДСМ и „Мила е наша“, како што велат  тие покажува кој е односот на СДСМ со државните институции.

Институциите се жртва на партиските кадри, кои охрабрени од фактот што нивната партија е на власт без проблем се однесуваат како во кафеана.

Неколку дена како оваа скандалозна аудио снимка циркулира во интернет просторот, а од власта нема одговори, како е возможно институциите да се третираат како биртии. Молчат и невладините организации, кои не најдоа за целисходно да го осудат однесувањето на партиските кадри на СДСМ.

Царовска деновиве ја тресе скаандалот со силуваното девојче во Домот за деца „25 Мај“, истата одбива било каква одговорност, ова е втор скандал во низа, дали Царовска конечно ќе собере доблест и храброст и ќе понесе одговорност за хаосот и неодговорноста која се манифестира во МТСП со неа на чело.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here