Дома Актуелно Коле Штерјев: Не ми е важна функцијата, туку образот!

Коле Штерјев: Не ми е важна функцијата, туку образот!

499
0
АКЦИЈА

Што значи тоа, кога за оставки од претставници на независни тела зборува претставник на извршната власт, прашува претседателот на Советот на обвинители, по изјавата на заменик-министерот за правда

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, тврди дека ги почитува законите во неговата работа и дека постапува согласно законите, откако во јавноста излегоа информации за наводен конфликт на интереси и непотизам во Советот. За „Дојче веле“, Штерјев негира дека има конфликт на интереси во гласањето негова внука да биде избрана за обвинител.

-Не ми е важна функцијата, туку образот. Јас го почитувам законот, и постапувам исклучиво во согласност со законот. Но хајка не можам да спречам. Ако таа продолжи ќе мора јавно да излезам, да ги дадам сите аргументи за да го обелам образот – вели Штерјев.

Тој најави дека во текот на неделата ќе одржи прес конференција каде би се расчистиле дилемите кои се појавија во јавноста.

По однос на изјавата на замник министерот за правда, Оливер Ристовски, кој рече дека очекува оставки во Советот, Штерјев возвраќа дека тоа е негов личен став.

-Немам дилема дека не е лична, и сметам дека зад неа стои некој друг. Но, треба да се прашаме што значи тоа, кога за оставки од претставници на независни тела зборува претставник на извршната власт – вели Штерјев за „Дојче веле“.

Според скандалите кои ги разоткриа медиумите, првиот се однесува на избор на обвинител, која е внука од сестра на сопругата на штерјев. Вториот се однесува за неизбор на обвинителка која постапувала по предмет во кој е инволвиран сопруг на член на Советот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here