Неколку патриотски здруженија организираат денеска протест по повод доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас и против преговорите за промена на уставното име на Република Македонија.
Протестот ќе почне пред Порта Македонија во 11.00 часот, по што демонстрантите ќе се придвижат кон Министерството за надворешни работи, а од таму кон Владата.
Како организатори се јавуваат Народен фронт за Македонија (Македониум, Христијанско Братство, Филип Петровски, Тврдокорни).