Дома Македонија Вести (Видео) Угриновски: Срамните игри за притворот на обвинетите за 27 април се...

(Видео) Угриновски: Срамните игри за притворот на обвинетите за 27 април се под менторство на Бејли

636
0
АКЦИЈА

Срамните игри со пуштањето и притворањето на осомничените од 27 април е договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, под менторство на американскиот амбасадор Џес Бејли, обвини Драган Угриновски, член на ИК на Единствена Македонија и претседател на „Тврдокорни“.

„Со овие игри на владејачката партија ‘Погреб за Македонија’, составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, целта е од Истражниот затвор ‘Шуто Оризари’ да се пуштат сите оние за кои се заинтересирани во ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат партијата да се врати во Собрание и да учествува во донесувањето на законите за разнебитување на Македонија“, рече Угриновски.

За настаните од 27 април од Единствена Македонија во Собранието беше поднесен предлог-закон за амнестија на притворените. Угриновски вели дека Единствена Македонија се залага за укинување на притворот на секое притворено лице, но силно го осудуваат селективниот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за непристоен пазар, односно укинување на притворот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат враќање на оваа партија во Собранието.

„Граѓаните на 27 април во Собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица. Претходно беше создадена атмосфера дека е загрозен уставниот поредок“, рече Угриновски и додаде дека претседателот Ѓорге Иванов при давањето на мандатот на Зоран Заев барал гаранции токму за она за што сега се водат постапки, за 27 април, со што тогаш и самиот претседател ја потврдил општествената опасност за уставниот поредок.

Претседателот на МПЗ „Тврдокорни“ вели дека членовите на здружението се разочарани од одлуката само на одредени лица да им се укинува притворот, додека, пак, вистинските патриоти да останат во затвор. „Разочарани сме од валканата игра на ВМРО-ДПМНЕ која се пазари за укинување на притворот само за своите, а ги предаде уставобранителите кои и понатаму остануваат во занданите на Шутка. Ние од Единствена Македонија и МПЗ Тврдокорни остануваме со уставобранителите и како и досега продолжуваме со нашата помош за семејствата на притворените како и со битката за нивно ослободување“, рече Угриновски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here