Дома Македонија Вести Непознато лице се јавило во Сител и рекло дека во студиото има...

Непознато лице се јавило во Сител и рекло дека во студиото има подметнато бомба

452
0
АКЦИЈА

Во 21 часот во ТВ Сител се јавило непознато лице и се заканило дека во студиото имало подметната бомба, потврдија полициски извори за ТВ Телма.

Веднаш по повикот била известена полицијата, а на увид на терен излегле противтерористички тимови на МВР. По проверките било констатирано дека станува збор за лажна дојава, а телевизијата во редовен термин ги емитуваше своите вести.

„Во моментот на пријавата имаше вработени внатре, а полицијата дојде, проверуваше и кажаа дека нема ништо“, изјавил за Телма вработен во телевизијата.

Во меѓувреме, полицијата започнала истрага за откривање од кој телефонски број стасала лажната закана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here