Дома Популарно Василиј Небенсја: Ова што се случува претставува пропагандна војна против Русија

Василиј Небенсја: Ова што се случува претставува пропагандна војна против Русија

529
0
АКЦИЈА
Dienstag, den 9. Mai 2006 nahm die amtierende EU-Ratsvorsitzende, Österreichs Aussenministerin Ursula Plassnik an einer Sitzung des UN-Sicherheitsrates zur Lage im Sudan im UNO Hauptquartier in New York, USA teil.

Во Советот за безбедност на ОН Русија ја обвини Велика Британија за пропагандна војна и отфрли секаква вина во труењето на екс-агентот Скрипал, пишува Дојче веле.

„Ги предупредивме британските колеги дека си играат со оган и ќе зажалат за тоа“, изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небенсја на седницата на Советот за безбедност во Њујорк, итно свикана на барање на Москва. Амбасадорот ја обвини Велика Британија за „валкани игри“ и „апсурден театар“. „Целата оваа сомнителна работа е измислица и провокација од најлош вид“, истакна Небенсја, повторно категорично демантирајќи секаква руска вмешаност во труењето на Сергеј Скрипал: „Русија нема патент за бојниот отров Новичок, ова што се случува претставува пропагандна војна против земјата, со цел за нејзина дискредитација и ставање под прашање на нејзиниот политички легитимитет“.

Британската амбасадорка во ОН Карен Пирс ги отфрли руските критики, оценувајќи дека случајот е „дел од неодговорниот однос на Русија“. „Немаме што да криеме, но мислам дека Русија треба да стравува“, рече британската амбасадорка, според која нејзината земја делува во комплетна согласност со меѓународните конвенции и „не дозволува во поглед на моралот да ѝ дели лекции држава која презела толку опсежни мерки за да спречи соодветно расветлување на употребата на хемиско оружје во Сирија“.

Поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4. март беа пронајдени во бесознание на една клупа во јужноанглискиот град Солсбери, затруени од нервен отров, познат под името Новичок, создаден во поранешниот Советски Сојуз. Лондон ја обвинува Москва дека нападот е во нејзина режија, што таа го демантира и поради недоволните докази, инсистира на независна истрага во која би биле клучени и руски експерти.

Случајот ја предизвика најтешката дипломатска криза по Студената војна помеѓу Русија и Велика Британија, како и со бројни западни земји. Повеќе западни држави протераа руски дипломати, на што Русија реагираше со реципрочна мерка.

Руската државна телевизија вчера емитуваше наводен телефонски разговор на Јулија Скрипал со нејзина роднина во Русија. На прашањето за нејзиниот татко, таа одговорила: „Тој добро се чувствува, во моментов спие. Не претрпевме непоправливи штети. Наскоро ќе бидам отпуштена од болница. Сѐ е добро.“ Досега не е потврдено дали телефонскиот разговор е автентичен.

Екс-двојниот агент Сергеј Скрипал, кој работел за руската воена тајна служба ГРУ и доставувал истовремено информации и на британската тајна служба МИ6, беше разоткриен во 2004. година. Во Русија доби казна од 13 години, но во рамките на размена на затвореници во 2010 година се врати во Велика Британија и оттогаш живее во Солсбери.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here