Дома Популарно Отворено писмо до Стефан Богоев – Карпошани со реакција за сечата на...

Отворено писмо до Стефан Богоев – Карпошани со реакција за сечата на дрва во Карпош 4 (10.05.2018)

613
0
АКЦИЈА

Почитуван градоначалник г-ин Богоев,

Провоцирани од денешната сеча на дрво пред Ценпром, во Карпош 4, Ви се обраќаме со цел ветувањата за зелен Карпош кои беа ветени во предизборието да ги видиме на дело.

Вакви сечи сме гледале изминативе години и против нив сме дигале глас. Она што очекуваме од Вас како градоначалник на општина Карпош е следното:

Во Решението донесено од Градоначалникот на Град Скопје на 3.5.2018 по барање на Коста Пројчев се одобрува сеча на седум дрва – три бора, две тополи, елка и колреутерија, кои се наоѓаат во паркот на аголот на ул. Волгоградска со ул. Љубљанска. Исечената топола пред Ценпром не е во тој парк, односно се наоѓа на друга локација.

проблем – Решението и исеченото дрво не соодвествуваат

Кој и како ќе сноси одговорност за ова? Што ќе направи општината, на чело со Вас, вакви нешта да не се повторат?

Сечења на дрва треба да се врши стручно, но од видеото од сечата се гледа дека не е постапено соодветно.

проблем – Стручно сечење на дрва отсуствува

Кој и како ќе сноси одговорност за ова? Што ќе направи општината, на чело со Вас, нестручното сечење на дрва да не се повтори во Карпош?

Во Решението е наведено дека од дрвата за сечење, тополите се стари стебла, со суви и кршливи гранки. Исечената топола која не е дел од ова Решение според локацијата, од видеото се гледа дека беше здрава, без суви и кршливи гранки.

проблем – Исеченото дрво беше здраво

Кој и како ќе сноси одговорност за ова? Што ќе направи општината, на чело со Вас, сечење на здрави дрва да не се повторува во Карпош?

Воедно во Карпош отсуствува и стручно и соодветно кастрење на дрвата. На многу места оставени се дрва со суви гранки, кои треба стручно да се отстранат, а на други дрвата се искасапени.

Во однос на другите дрва кои беа и ќе бидат исечени под образложението дека се суви, болни, со надмината старост и сл., такви “стручни” објаснувања се наслушавме и нагледавме изминативе години. Па и палмите беа најстручно посадени во Скопје!

проблем – Кој е навистина стручен???

Стручност ќе мора да се докаже и покаже. Недовербата, оправдана, кон “стручните” лица од Паркови и зеленило и други служби е огромна и за да се поврати ќе мора да се вложи дополнителен труд. Конкретно, кога се работи за зеленилото во Карпош, од Вас се очекува таа стручност да ја потврдите. Тоа значи, објавување на вакви и слични Решенија однапред, сите граѓани да бидат запознаени, проверување со други навистина потврдено стручни лица, дали од Шумарски факултете или други, да ги потврдат наодите на службите од Паркови и зеленило, објавување јавно на таквите потврдени наоди. Сето ова пред да се излезе на терен и исече дрво, само откако навистина оправданоста за тоа ќе постои и биде потврдена повеќекратно.

Ви обрнуваме внимание дека и новонасадените дрва треба да бидат плански и стручно, во голема мера се садат многу блиску до други постари и меѓусебно си сметаат. Од друга страна има огромни површини во близина кои се изоставени.

Вие се нафативте да бидете градоначалник на Карпош, знаејќи ја неговата историја каде борбата за зеленило е една од главните и на која Вие го добивте Вашиот мандат.

Одговори од типот “не сме ние, други се, ние не нарачавме, друг нарача, стручни лица одлучиле” итн. се неприфатливи одговори со оглед на Вашата предизборна кампања и главниот приоритет на Карпошани.

Она што се очекува од Вас и што е потребно е преземање на одговорност и отстранување на овие проблеми, затоа што се работи за територија за која сте сепак вие одговрен

Искрено,

Граѓанска иницијатива Ние сме Карпош 4,
Граѓанска иницијатива О2 КОАЛИЦИЈА

Извор: www.niesmekarpos4.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here