Дома Дописи/читатели Момче нападнато од глутница кучиња скитници пред СЈО на Рузвелтова

Момче нападнато од глутница кучиња скитници пред СЈО на Рузвелтова

541
0
АКЦИЈА

Вчера во попладневните часови пред седиштето на СЈО на ул. Рузвелтова, глутница од единаесет кучиња скитници нападнале две малолетни дечиња. Отако децата почнале да бегаат исплашени од кучињата, повеќе случајни минувачи кои се затекнале на местото се обиделе децата да ги заштитат, при што една личност на возраст од 25-30 години настрадала и било нападната. Лицето се здобило со тешки повреди во пределот на горните и долните екстремитети

Момчето завршило на Ургентен Центар каде што било подложено на хирушки зафат.

Сведоци велат дека сликата била страотна, како од хорор филм. Затекнатите минувачи разбезумено бегале од глутницата скитници кои биле прилично агресивни. Луѓето ја претрчуваа улицата од едната на другата страна само да спасат жива глава. Притоа припадникот од МВР кој бил на стражарска должност во СЈО мирно и рамнодушно ја следел ситуацијата од својата кабина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here