Дома Македонија Економија Екс министерот за финансии Поповски: 0.1% БДП значи стагнација, а се граничи...

Екс министерот за финансии Поповски: 0.1% БДП значи стагнација, а се граничи со рецесија

602
0
АКЦИЈА

Поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, вели дека е неочекувано и изненадувачко за сите тоа што растот на БДП во првиот квартал од 2018 година е само 0,1%. Според него Владата треба малку повеќе да ги ослободи пазарните сили и да не ги гуши со интервенционистички политики.

-Ова е стагнација на економијата на граница со рецесија. Втора година по ред имаме нулта стапка на развој, никој не можеше да очекува дека таквата стагнација на економијата може да се продолжи на петиот квартал, со опасност да не знаеме што ќе се случи со вториот квартал од 2018. Очекував дека економијата природно ќе отскакне по 2017, затоа што се стаблизираа политичките случувања, а и дистрибуцијата на надворешните фактори е добра – вели тој во емисијата „360 степени“ на Алсат М.

Сепак, додава Поповски, економијата покажува знаци на заживување.

-Такви знаци се нивото на странски инвестиции, полнење на буџетот на приходната страна кое ги надминува очекувањата на Владата. Тоа е добро, има знак дека создаваме во економијата нова вредност која се оданочува. Трето е раст на македонскиот берзански индекс. Македонската берза во изминатите 12 месеци доживеа раст од фантастични 38 проценти, тоа кореспондира со доаѓањето на новата власт. Станува збор за вредноста н фирмите на пазарот – вели професорот.

Очигледно, вели тој, берзата многу позитивно реагира на некои настани во Македонија. Посочува дека овие три фактори треба да испорачаат раст, но не испорачале, поради што Владата треба да направи анализи на што се должи нискиот раст.

-Многу сериозно е што се случува со берзата. Надежта дека решавањето на спорот со името ќе откочи продор кон ЕУ и НАТО ќе ја претвори македонската берза во посакувана инвестициона дестинација. Но од друга страна се плашиме дека само еднократно одложување, од летово до есен и натаму, може да ја сруши берзата, да ја намали, и овој раст да почне да го спушта. Тоа негативно ќе се одржи на растот – предупредува тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here