Дома Македонија Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов: Не сакаме да се...

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов: Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед

495
1
АКЦИЈА

– Средбите на бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Софија, се откажани, соопшти прес-службата на Владата на Бугарија.

– Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.

Претседателот Иванов од денеска е во дводневна официјална посета на Бугарија. Според најавите од неговиот кабинет, освен со неговиот домаќин бугарскиот претседател Румен Радев, во Софија требаше да има средби и со Борисов и Захариева

1 коментар

  1. Добро е што ги откажаа средбите со МАКЕДОНСКИОТ. ПРЕДСЕДАТЕЛ
    ПРЕДСЕДАТЕЛЕ. или ке ве надмудреа со нивните бандитско креминални идеи,или ќе ве уценуваа. И ќе ве убиеја. Имено овај Будалски премиер со црпнатион ,муртинец ,ви спремаат убиство, ТОА Е ЕДНА БАЛКАНСКА КРЕМИНАЛНА БАНДА РАКОВОДЕНА ОД АМЕРИЧКО,-ЕНГЛЕССКИТЕ ТВОРЦИ Т.Н
    ПЕС БЕЈЛИ…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here