Дома Македонија Интервју ДРАГИ ИВАНОВ: Млад македонски продуцент, со кариера во САД

ДРАГИ ИВАНОВ: Млад македонски продуцент, со кариера во САД

1271
0
АКЦИЈА

Драги Иванов, како еден од нашите млади таленти веќе една година го пробива патот во музичката индустрија во Лос Анџелес, САД. За кратко време успеа да стане главен инжинер во продукциската куќа KIDinaKORNER, работејќи со Alex Da Kid, A$AP Ferg, Gashi,Charlotte Day Wilson, Aloe Blac, Allan Rayman и Kelsy Karter мегу другите, додека во меѓувреме продуцира за нови таленти како Wake Child и Terrell Hines.

1. Што те поттикна да студираш музичка продукција и како тие очекувања ги оствари на Колеџ за Музика Беркли во Бостон?
Јас сум музичар веќе 11 години, свирам неколку инструменти, меѓу кои гитара ми е главен инструмент. Додека бев со средно, сакав и оформив свој бенд со кој пишував оргинална музика и евентуално требаше да ја наснимиме. Пробав да најдам луѓе кои ја разбираа мојата визија и да ми помогнат да ја наснимам музиката, меѓутоа секогаш бев незадоволен од квалитетот и така решив да научам како самиот да снимам и продуцирам музика. За краток период се опседнав со целиот продукциски процес, се запишав на курс по продукција кај Валентино Скендеровски, меѓутоа ни ова не беше доволно. Како повеќе учев за продукција се повеќе растеше мојот интерес што знаев дека единстевно место каде би можел во голем детал да го изучувам ова поле од музиката е Беркли. Ова беше главната причина поради која аплицирав.
Штом бев примен на овој факултет, знаев дека ќе биде доста голем предизвик. Често музиката како професија е земена здраво за готово, меѓутоа за да се биде успешен музичар денес потребна е голема волја, детерминираност, фокус и работа за тоа да се случи. Додека бев на студиите во Беркли сето мое време беше фокусирано да научам најмногу што можам за да сум спремен за тоа што ме чекаше подоцна. Искрено мислам дека успеав одлично да се подготвам за мојата кариера, меѓутоа ова е само почеток. Вистинстите предизвици тек сега започнуваат.

2. Две твои песни се најдоа на ЦД ата на Беркли издадени како дел од најдобрите проекти на насоките каде студираше. Драги колку е тешко да се направи една песна?

Што е клучно во создавањето на една песна и од што зависи дали таа ќе биде хит?
Единствено тешко е да се прави музика кога се поставуваат услови. Доколку музиката е правена за да биде популарна или целта ни е само да биде слушана, тогаш најверојатно тоа ќе биде најтешкото нешто што некогаш сте пробале да го направите. Нешто што мора да се биде како музичар е да се биде искрен. Кога правиме музика со погрешна намера, многу лесно слушателот ќе го почувстува тоа. Што е клучно за да се создаде добра песна е да сме на исто емотивно ниво на кое што сакаме музиката да биде, бидејќи тоа се наметнува на самата песна. Искрена емоција е најдобрата фомула за создавање на музика која има вредност. Мојата дефиниција за хит песна е тоа, меѓутоа тоа не е мерката за хит песна во музичката индустрија. За една песна да биде хит, самата музика има многу мал дел во тоа. За песна да биде успешна и да се смета за хит потребно е да се помине низ многу политика и да биде непрестајно промовирана за таа да стане тоа.

3. Имаш диплома за електронска продукција. Кои промени ги направи таа во музичката индустрија и кои можности ги нуди за музичарите во создавањето на нови трендови во музиката?
Што значи електронска продукција е дека големиот дел од музиката е направена преку користење вирутелни инструменти и манипулација на звукот во компјутер. Многумина би рекле дека тоа ја уништува музиката денес, но јас не се согласувам. Верувам дека секој новитет во било кое поле може да има позитивен и негативен ефект, и јас верувам дека воведувањето на “машини” во создавањето музика ни дозволува да создаваме подобра, поинтересна и нова музика, инаку би тапкале во место. Оваа нова технологија ни дозволува да создаваме звуци кои неможело никогаш претходно да се создадат, никогаш претхдно не постоеле и со тоа ни дава можност да создадеме бесконечно нови музички жанрови. Би рекол дека погрешниот пристап кон новата технологија за создавање музика е дека само таа ни е доволна. Свесност за тоа што било направено претходно и што се случува денес е единствената формула која функционира за да се создаде квалитетна и прогресивна музика, а подоцна ќе се класифицира во некој нов тренд. Сеуште верувам дека да се биде одличен музичар и да владее инструмент е навистна клучно за да се развие талентот кој го имаме, меѓутоа неизбежно е да ги користиме новите технологии за да се надградуваме како музичари.

4. На што си особено горд во твојата кариера како продуцент? Дали чувствуваш дека успеваш да наметнеш промени во средината каде работиш?

Би рекол дека засега сеуште сум во почетоците на мојата кариера како музички продуцент, така да сеуште немам влијание во Лос Анџелес, но дефинитино можам да почувстувавм дека во мојата посредна околина имам позитивно влијание и луѓето со кои работам се задоволни. Некои од проектите на кои работев е песната Hangup Bues на Wake Child, која беше објавена на десетина блогови од различни земји и достигна повеќе од 60 илјади пати преслушувања на Spotify, што навистина ми даде потврда дека сум на правата патека. Исто така, работа со еден од моите пријатели Terrell Hines на неговиот албум каде го продуцирав, миксав, снимав и свирев гитара на неговиот прв сингл, кој беше објавен во Ноември претходната година со музички спот. Би рекол дека тоа е првиот пат каде бев комплетно задоволен од моите способности како продуцент и крајниот резултат. Исто така сум задоволен од мојот бренд како артист-продуцент и во последните неколку месеци издадов два проекти Sky Bleu Part 1 и Part 2.

5. Може ли да очекуваме да се преставиш некоја твоја нова песна и во Македонија?
Тоа е дефинитино една од моите цели и нема да биде само една, туку многу повеќе. Засега може да уживате во песните од Sky Bleu 🙂

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here