Дома Македонија Политика Конечно на дневен ред дојде кратењето на патните трошоци на пратениците

Конечно на дневен ред дојде кратењето на патните трошоци на пратениците

726
0
АКЦИЈА

На седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, по повеќе од три и пол месеци откако беше пуштен во второ читање, денеска конечно ќе се разгледува предлог-законот за изменување на законот за пратениците, со кои се предвидува одредено намалување на надоместокот за патните трошоци на пратениците.

Собранието на 32-та седница, одржана на 14 март годинава, со 59 гласа за, без ниту еден против или воздржан ги пушти измените на овој закон во второ читање.

Со нив, се предвидува наместо 30 отсто од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар на возилото кое се користи, пратениците да добиваат надомест од 20 отсто.

Сумите што пратениците ги добиваат за патни трошоци со децении ја иритираа јавноста, а со формирањето на новата владина коалиција во јуни минатата година, критиките особено се заострија, по што пратеничката група на СДСМ, на 12 јануари годинава, конечно го поднесe предлог-законот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here