Дома Македонија Вести Владата предлага ДИК да се бира со апсолутно мнозинство

Владата предлага ДИК да се бира со апсолутно мнозинство

461
0
АКЦИЈА

Владеачкото парламентарно мнозинство подготвило предлог-закон според кој ќе може изборот на ДИК да се спроведе со апсолутно мнозинство, наместо со дво третинско, односно без гласање од опозицијата, пишува Слободен печат.

За да се одблокира процесот на избор на членови на Државната изборна комисија Владата подговила измени на Изборен закони со кои наместо со двотретинско мнозинство ДИК  ќе се бира со апсолутно мнозинство, односно со половина од вкупниот број на пратениците, дознава Слободен печат. Со ова значително се намалува бројот на пратеници кои треба да гласаат за новиот состав на ДИК.

Предлогот за Измени на изборниот законик е веќе испратен до Собранието.

Претседателот на Комисијата за избор и именување Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ не ја закажува седницата на која треба да се подготви список на кандидати кои се пријавиле на огласот за членови на ДИК и ги исполниле условите, со што ќе треба да почне процедурата за избор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here