Дома Македонија Колумни Стевчо Јакимовски: Транспарентност и Тасева

Стевчо Јакимовски: Транспарентност и Тасева

731
0
АКЦИЈА

Ја видовте ли изјавата на Слаѓана Тасева Од “Транспарентост” за корупцискиот скандал на министерот за здравство Fфилипче, во врска со набавката на реагенсите? За овој скандал, тежок 35 милиони евра можевме да ja видиме големата антикорупционирека како кроти и ги релативизира работите. Навикнати сме, кога нешто имаше сомнително кај претходната влада, таа да отвори една уста од која ќе излегуваат зборовите корупција, обвинителство, кривични дела, да се цитираат членови од закон, да се цитираат европски практики и што се не. За овој скандал, таа се изјасни дека треба прво да се погледнат сите документи, па потоа да се вади заклучок и да се утврди дали е прекршен законот, а тоа демек да го утврделе надлежните институции. Ова ли е Слаѓана Тасева? Море се плашам и таа да не излезе од некој фонд за иновативност, па затоа ќе се однесува како претставник на “Транспарентност” туку на “Нетранспарентонст”.

Последното прашање од новинарката Лупевска беше: Дали има нешто сомнително што овие јавни набавки се собрани на едно место и изнесуваат 35 милиони евра? Одговорот на Тасева беше дека подобро било набавките да се сконцентрираат на едно место, така ќе се избегнеле притисоци, а ако било на повеќе места ќе можело да се воспостават повеќе конекции од разни структури и тоа било можност за корупција. Доброоо! Нека биде така! А веднаш после тоа оди прилог за јавна набавка за обезбедување, објавена од Службата за Општи и Заеднички Работи на Владата на Република Македонија. Таму пак тендерот за одржување хигена, зеленило, цвекиња, обезбедување и други работи е поделен на повеќе делови. На прашањето на новинарката Лупевска, зошто е поделен тендерот, господинот Мирчевски изјави дека така е потранспарентно и ќе може да учествуваат повеќе економски оператори. Ајде сега да видиме, кога Слаѓана Тасева зборува принципиелно? Наместо повеќе лаборатории низ земјава да си прават посебни тендери, набавката е сконцентрирана на едно место и тоа во Министерството за Здравство или во вториот случај кога Службата за Општи и Заеднички Работи на Владата, јавна набавка од 13 милиони ја дели на повеќе делови. Каде има можности за корупција, во првиот или во вториот случај? Овде во целост доаѓа до израз непринципиелната, без концепт, што би рекле “лутајуча” политика на СДСМ, во здравство јавните набавки ги групира, а во СОЗР ги ситни.

Сега да и кажам на антикорпупционерката Слаѓана Тасева, дека во првиот случај кај министирот Филипче имаме организиран криминал, парекселанс, во кој е вмешана Владата, Премиерот, Министерот за Здравство, приватни фирми и посредници. Зошто е вмешана Владата и Премиерот? Затоа што намерно го укинаа Советот за Јавни Набавки и го променија законот за јавни набавки со кој се овозможи да се ставаат дополнителни критериуми со цел да се ограничи конкуренцијата. Немаше шанса Советот за Јавни Набавки да не констатира дека со условите на тендерот повеќе од очигледно се фаворизира само еден економски оператор. Во конкретниов случај, повеќе од сигурно е дека оваа јавна набавка би ја вратил назад со препорака дека условите објавени на тендерот ја ограничува конкуренцијата. Значи тендерот е така направен да се јави само еден понудувач.

Што се однесува до сомнителната фирма отворена пред три месеци во Белград, чии директор е 27 годишно дете, а подружницата во Скопје ја води извесен Жути од Гази Баба, мене пред повеќе од еден месец еден пријател ме информира за тоа кој токму ќе го земе тендерот за набавка на реагенси во Министерство за Здравство. За големо чудо така и бидна. Тој за кого беше наменет тендерот се појави како единствен понудувач. До толку да се зборело во јавноста кој ќе го добие овој голем тендер, значи дека организаторите на ова злосторничко здружување, како што вели кривичниот законик, биле премногу транспаренти. Зошто не учестувал “Алколоид“, “Реплек“, “Лек“, “Крка“,“Пановски“ и други веледрогерии. Злобниците велат дека им било кажано да не учествуваат.

Не ми е јасно, како можеше министерот за Здравство, Филипче, по само неколку месечно министерување да си дозволи ваков луксуз. Добар хирург ама……. !? После ова, тој треба да си поднесе оставка, за да и натаму веруваме дека ќе остане барем добар хирург. Што се однесува до Слаѓана Тасева, таа ни е веќе преку тасева од нејзините наменски изјави и дефинитивно невладиниот сектор вклучувајки го и “Транспарентност” го претварaат во ООЗТ на СДСМ.

Се поставува прашање, каде е Сабина Факич и нејзината невладина организација да гукне зошто е укинат Советот за Јавни Набавки. Не, таа сега вози во лер. Ќе ни одржи некој прес да не информира зашто ги потрошила парите со големиот проект како на пример, која општина за колку помалку имала објавено тендери во однос на претходната. Тешка и е анализата! Многу и е јак проектот! Дрн, дрн јариња! Само така нека продолжат да го уништуваат невладиниот сектор и нека асистираат во овие валканици на оние кои дојдоа на влат со уста полна за корупција. А обвинителството?. Па тоа се занимава со претходната власт, со оваа ќе се занимава некое друго обвинителство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here