Дома Македонија Колумни Крсте Петревски: КОСОВО КОНТРА МЕРКИ

Крсте Петревски: КОСОВО КОНТРА МЕРКИ

645
0
АКЦИЈА

Ако бевте одговорна Македонска влада, немаше да се доведеме во ситуација пазар како Косово да може да го дестабилзира и да влијае на извозот од земјата. Да не се разбереме погрешно, според нашите цели во стопанството и трговијата, стандардизирањето на производството секогаш тежнеело да го достигне европскиот стандарт на квалитет, ама некако колку повеќе европски се стандардизираме толку потeшко го пробиваме европскиот пазар, а за нов пазарен пласман речиси и да не се зборува. Воедно, на ваква самоволна и штетна мерка од страна на Косово, денес ќе донесевте низа на контра мерки спрема земјата и ќе извршевте максимален притисок за повлекување на мерката да ги зголеми царините на нашите земјоделски производи. Но вие ќе анализирате три месеци за да истече рокот на мерката а за тоа време нашите земјоделци ќе си ги фрлаат производите.

Се потврди дека владата е неспособна да се справува со вакви предизвици ниту пак има план долгорочно да го реши проблемот со пласман. Пролетната зелка, праските, доматите и краставиците, лубениците и на есен јаболката ќе пропаѓаат на нивите поради неспособноста на оваа влада да им помогне на земјоделците. Наместо да се гради стратегија за да се отвораат нови пазари или да се реактивираат некои постоечки пазари со кои сме соработувале за пласман на нашите земјоделски производи, ние мака мачиме што да им одговориме и какво решение да донесеме како одговор на мерките.

Посебно би го споменал пазарот на Руската Федерација. Русија и порано била извозна дестинација на производи од земјава, но бидејки сме жртва на сопствената евро-атлантска интеграциска амбиција, тој пазар свесно се маргинализира и изостава. Да не ја политизираме темата со влијанијата на големите светски сили, зборуваме за економија и трговска размена, нешто што Германија, Австрија и дргуги земји го прават во континуитет и остваруваат приходи. “Меѓувладината Руско-Македонска комисија за трговско-економска соработка” и “Македонско-Руската стопанска комора”, од нив за жал резултати и активности нема никакви. Претседателите на горе споменатите повремено се сликаат и глумат некакви активности. Наместо да бараат ослободување на нашите производи од царини и олеснување на процедурите за извоз во Русија, нашата влада протерува дипломати и уште повеќе ги усложнува односите.

Решение има, ама не со оваа влада или било која друга што гледа со едно око.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here