Партиски извори велат дека заменик-претседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, е еден од најсериозните кандидати за консензуален предлог на претседателските избори што ќе се одржат на пролет.
Зекири е недостапен за коментар за оваа информација. Но партиски извори велат дека покрај СДСМ ужива поддршка и од други коалициски партнери на власт.
Зекири во март ќе наполни 40 години со што го исполнува законскиот минимум.
Оваа информација ја објавија албанските медиуми.