Дома Македонија СДСМ ја одложи утрешната седница на Извршниот одбор

СДСМ ја одложи утрешната седница на Извршниот одбор

305
0
АКЦИЈА

Социјалдемократите ја одложија утрешната седница на Извршниот одбор, на која требаше да се расправа за можноста, заедно со претседателските, да се одржат и предвремени парламентарни избори. Официјално, причина за одложувањето е отсуството на некои министри од државата, но неофицијално,партијата се` уште нема изградено заеднички став за ова, но и за другите клучни прашања.

Ваквото тактизирање, пак, се повеќе ја оддалечува идејата за двојни избори, од причина што, нема да има време за техничка влада на сто дена пред избори.

Доколку претседателот на Собранието, како што најави, ги распише изборите во петок, на 8-ми февруари, до вториот круг на изборите, на 5-ти мај, кога би се одржале вонредните избори, остануваат уште 82 дена, а опозицијата инсистира да се почитуваат роковите.

Но, на крај се`ќе зависи од политичкиот договор меѓу партиите. СДСМ се уште ги крие и кандидатите, за кои финалната одлука треба да ја донесат делегатите на конгресот на трети март. Досега во јавноста се спомуваа имињата на Радмила Шеќеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски, но можно е и таму да има изненадување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here