Дома Македонија Култура Филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ ќе го отвори месецот на руски...

Филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ ќе го отвори месецот на руски филм во Кинотека

275
0
АКЦИЈА

Со проекција на филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ најновото остварување на Карен Шахназаров, вечерва во Кинотеката на Македонија ќе биде отворен Месецот на руски филм насловен „Руска зима“.

До крајот на февруари ќе бидат прикажани 25 класици и современи остварувања од руската кинематографија, со што ќе бидат одбележани 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Покрај поздравните обраќања на директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Ангелов и на амбасадорот на Руската федерација, во рамките на вечерашната церемонија на отворањето, на филмскиот режисер и директор на „ Москва Филм“, Шахназаров ќе му биде врачена титулата почесен доктор -Doctor Honoris Causa, на Универзитетот.

Ова престижно признание, со кое се вреднуваат врвните достигнувања во областа на аудиовизуелните уметности, досега им е доделено на имиња со светско реноме, како што се Клод Лелуш од Франција, Маноел Де Оливеира од Поругалија, Јиржи Менцел од Чешка и Роберт Вилсон од САД.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here