Дома Македонија Култура Донесени одлуките за добитниците на традиционалните награди на Друштвото на писателите на...

Донесени одлуките за добитниците на традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2018 година

229
0
АКЦИЈА

Жири-комисиите ги донесоа одлуките за добитниците на традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија за книжевната продукција во 2018 година. На конкурсот распишан во текот на декември минатата година беа поднесени 61 книжевно дело во конкуренција за петте награди.

Според одлуките на комисиите за романот „Маџун“, Влада Урошевиќ ја добива наградата „Стале Попов“ за поетската збирка „Патот“, Виолета Танчева-Златева ја добива наградата „Ацо Шопов“ за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“, Лидија Капушевска-Дракулевска ја добива наградата „Димитар Митрев“ за краткиот роман за деца „Не паркирај, гаража“, Трајче Кацаров ја добива наградата „Ванчо Николески“ и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија ја добива Рифат Емин за поетската збирка Bi-nihauet („Без-конечно“) на турски јазик.

Наградите ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари (среда) со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото во знак на одбележување на 72. годишнина од основањето на писателската асоцијација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here