Дома Македонија Вчера вечер е запален автомобилот на претседателот на месниот комитет Владо Тасевски...

Вчера вечер е запален автомобилот на претседателот на месниот комитет Владо Тасевски на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош

337
0
АКЦИЈА

Вчера вечер е запален автомобилот на претседателот на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Владо Тасевски, информираат денеска од таму, додавајќи дека партијата во повеќе наврати реагира на безбедноста во Карпош и во Скопје.

“Изборниот процес не е ни започнат, а видете што се случува. Веќе изразивме сомнеж дека криминалците се во коалиција и имаат поддршка од власта, а со синоќешниот инцидент станува очигледно дека преку насилство и инциденти власта се обидува да испрати порака на заплашување,” рече во неговата изјава за медиуми, Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

Јаревски додаде дека криминалот станува пракса во Скопје, граѓаните не се чувствуваат повеќе безбедни, не поминува месец без запален автомобил, граѓаните се оштетени, а МВР не е способна да го одржи јавниот ред и мир.

“Во повеќе наврати опоменувавме дека криминалот во Карпош е во подем. Минатата година во само 3 квартала имаше 750 извршени кривични дела, провални кражби, грабежи и разбојништва, а расветлени од непознат сторител 0, ниту едно, нашите сограѓани веќе се несигурни и на улица и дома,” вели Јаревски.

Тој побара итно расветлување на овој случај, бидејќи во спротивно само ќе се потврдат нивните сомнежи дека се работи за политички мотивиран случај во организација на власта.

Криминалот станува пракса во Скопје, граѓаните не се чувствуваат повеќе безбедни, не поминува месец без запален автомобил, граѓаните се оштетени, а МВР не е способна да го одржи јавниот ред и мир. Веќе изразивме сомнеж дека криминалците се во коалиција и имаат поддршка од власта, а со синоќешниот инцидент станува очигледно дека преку насилство и инциденти власта се обидува да испрати порака на заплашување.

Posted by Toni Jarevski/Тони Јаревски on Friday, February 8, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here