Дома Спорт Мак Спорт Кошаркарскиот клуб Гостивар бара одложување на мечевите во Купот на Македонија

Кошаркарскиот клуб Гостивар бара одложување на мечевите во Купот на Македонија

338
0
АКЦИЈА

Кошаркарскиот клуб Гостивар побара одложување на мечевите во Купот на Македонија, откако градот се соочи со неверојатна трагедија. Вкупно 15 лица го загубија животот во трагичната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово.

“Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов.” –стои во соопштението на КК Гостивар.

Завршницата од Купот на Македонија треба да започне утре и ќе трае до недела во Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here