Дома Свет Бизнис Со Huawei на чело, кинеските смартфони држат 32% од европскиот пазар

Со Huawei на чело, кинеските смартфони држат 32% од европскиот пазар

345
0
АКЦИЈА

Најновите податоци кои денеска беа објавени од страна на Canalys, велат дека кинеските телефони всушност доминираат на европскиот пазар. И не само тоа, тие секоја година ја зацврстуваат својата позиција и чинат сѐ поголем дел од понудата, побарувачката и продажбата во Европа.

Минатата година на европскиот пазар беа претставени многу нови кинески смартфони – компаниите Huawei и Oppo ги претставија нивните модели во Париз, а веднаш по нив истото го направија и Xiaomi и OnePlus, кои полека се шират и стануваат попопуларни.

Canalys тврди дека 32% или отприлика една третина од европскиот пазар ја сочинуваат кинеските производители, а Huawei е на чело на листата на индивидуални производители, откинувајќи 20% од вкупниот пазар на телефони.

Huawei беше еден од главните предмети за непријателството помеѓу Кина и САД во 2018 година, кога амбициите на оваа компанија да влезе на американскиот пазар наидоа на ѕид, односно голем отпор од локалните оператори и законодавци. Но, според аналитичарот Бен Стентон, тоа беше добро за европскиот пазар на смартфони.

Кинеските производители наместо во САД, инвестираа во Европа и направија конкуренција во цената.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here