Дома Македонија Вести Русковска нема да бара полицијата да ги следи Трајко Вељановски и Љупчо...

Русковска нема да бара полицијата да ги следи Трајко Вељановски и Љупчо Димовски

299
0
АКЦИЈА

Вилма Русковска шефицата на организиран криминал нема да бара полицијата да ги следи Трајко Вељаноски и Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзема имунитетот. Русковска не ги коментираше постапките на пратениците, а истрагите ќе продолжат со тоа што двајцата осомничени имаат право да се бранат од слобода.

До сега во судот нема пристигнато никакво известување од Собранието, ниту дека не му го одзеле имунитетот на Вељаноски, ниту за Димовски за кого процедурата во Собранието почна уште на втори февруари.

Обвинителството може да бара притвор и доколку подигне обвинение по што ќе треба да се повтори целата процедура за имунитетот, но Русковска не открива што понатаму.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here