Дома Македонија Вести Нема реакција од ЗНМ на непрофесионализмот, уличарскиот однос и ароганцијата на Ордановски!

Нема реакција од ЗНМ на непрофесионализмот, уличарскиот однос и ароганцијата на Ордановски!

300
0
АКЦИЈА

Се уште нема реакција од еснафското здружение на новинари ЗНМ, кое гласно се бори за почитување на професионалните стандарди во новинарството, но и слободата на говорот и изразувањето

Иако од Агенцијата за медиуми веќе со соопштение го ocудиja настапот на Сашо Ордановски како непрофесионален, неетичен и неморален, од еснафот се уште нема реакција на вчерашното интервју во кое Ордановски буквално се обиде да се пресмета со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски наместо да добие одговори на прашањата.

Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, емитувано сношти на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување на достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Извештајот ќе биде објавен на веб страницата и доставен до Советот на Агенцијата, а во меѓувреме, регулаторното тело нагласува дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела за вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди. – стои во соопштението на АВМУ

Од ЗНМ нема коментар на ваквиот однос на Ордановски.

Извор Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here