Дома Македонија Блерим Река ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура

Блерим Река ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура

350
0
АКЦИЈА

Професорот, Блерим Река, собра доволно потписи од граѓаните за да се кандидира за претседател на престојните избори. Од неговото седиште велат дека за помалку од 15 часа се собрани преку 11.000 потписи.

„Независниот кандидат, проф. Д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат за претседателските избори во Македонија. Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, г-дин Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура.
Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи. Им се заблагодаруваме на сите граѓани за нивната поддршка: во вашата посветеност, ја наоѓаме нашата храброст!“, соопштија од таму.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here