Дома Свет Балкан Бугарија изгуби 2 милиони жители, секој месец исчезнува по едно село

Бугарија изгуби 2 милиони жители, секој месец исчезнува по едно село

422
0
АКЦИЈА

Во случај во Бугарија да продолжи лошата економска ситуација, а со самото тоа и миграцијата на населението, претпоставките се дека бројот на населението во оваа земја до 2050 година би можел да падне на 5,2 милиони

Бугарија, за која се врзува карактеристиката за најсиромашна земја во Европската Унија (ЕУ), по падот на комунистичкиот режим во земјата во 1989 година, имаше околу 9 милиони жители, за 28 години подоцна тој број да падне на околу 7 милиони. Главни причинители за тоа се падот на наталитетот и економската миграција, пишува Anadolu Agency.

Според податоците на бугарскиот Завод за статистика, Бугарија, која во 2007 година стана членка на ЕУ, поради падот на наталитетот и миграциите предизвинаки од лошата економска ситуација, во периодот од 1989 до 2017 година изгубила околу 2 милиони жители.

Податоците на Државното биро за здравствена безбедност покажува дека во земјата во 2018 година родени се 60.000 бебиња, додека починале 110.000 жители.

Освен тоа што стапката на морталитет во споменатиот период била константно поголема во однос на наталитетот, голем број млади луѓе кои поради подобри услови за живот ја напуштија татковината и прибежиште пронајдоа во некоја од другите земји на ЕУ, што дополнително ја влоши ситуацијата во оваа земја.

Бугарската агенција за дијаспора во 2018 година објави дека најмалку 36.000 бугарски студенти се стекнуваат со образование надвор од границите на својата земја.

Во случај во Бугарија да продолжи лошата економска ситуација, а со самото тоа и миграцијата на населението, претпоставките се дека бројот на населението во оваа земја до 2050 година би можел да падне на 5,2 милиони.

Потпретседателката на Бугарија, Илјана Јотова, претходно изјави дека во Бугарија, која бележи најголема стапка на морталитет во земјите на ЕУ, секој месец од картата се брише едно бугарско село.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here