Дома Спорт КК Гостивар победата против Блокотехна им ја посвети на настраданите во автобуската...

КК Гостивар победата против Блокотехна им ја посвети на настраданите во автобуската несреќа

207
0
АКЦИЈА

Прв натпревар на КК Гостивар во „Младост“, по трагичната сообраќајна несреќа која го погоди градот,во која животот го изгубија 15 граѓани. Гостивар се` уште тагува по изгубените животи, меѓу кои имаше и играчи и големи навивачи на гостиварскиот клуб.

КК Гостивар вети дека првиот натпревар во Гостивар ќе им го посвети на настраданите сограѓани.

Вечерва кошаркарите на Гостивар одиграа фантастичен и крајно борбен натпревар против една од
најдобрите екипи во државата, во кој ја совлада екипата на Блокотехна со резултат 98:86.

„Нема зборови со кои може да се надокнади болката и тагата. Трагедијата силно не погоди сите во клубот, впрочем ние постоиме за публиката и градот, многу од настраданите беа наши поддржувачи. Сите во КК Гостивар беа одлучни првиот натпревар после трагедијата во Гостивар, ќе се игра за настраданите. Вечерва и НБА тим да гостуваше, ќе беше поразен. Благодариме на публиката и сите кои придонесоа за оваа победа.“, велат од гостиварскиот клуб.

Извор Gostivarpress

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here