Дома Македонија „Космос“ на Фијат Цаноски не се градел по одобрениот проект, сведочеше вештото...

„Космос“ на Фијат Цаноски не се градел по одобрениот проект, сведочеше вештото лице Роска Пачемска

416
0
АКЦИЈА

„Космос“ на Фијат Цаноски не се градел по одобрениот проект, а кога се pyшел наместо три подземни нивоа, имал две, кои ни приближно не го задоволувале бројот на потребни паркинг места, додека пак објектот бил повисок за 1.43 метри од приземната плоча, ова денеска пред cyдот, на рочиштето познато како ТНТ го кажа вештото лице Роска Пачемска. Според нејзините зборови обврзувачки и непроменливи се три апсолутни коти, на улицата, на тротоарот и на приземјето.
-Инвеститорот мора да гради согласно техничката документација која е заверена и одобрена, во случајов “ФИНЕ” имал кај себе чисти и валидни проекти пред да ја започне градбата, и морал да се придржува стриктно до трите коти. Но, подоцна во текот на градбата инвеститорот не се придржувал до проектот, рече Роска Пачемска.

Според Пачемска не е вистина она што Фијат Цановски го тврди, дека подигањето на објектот за 1.43 метри е бидејќи под објектот имало подземни води. Како што кажа таа, пред да започне изградбата на „Космос“ извшрени биле сите геомеханички испитувања на теренот и не било утврдено дека има подземни води. Како што кажа таа испитувањата биле нарачи во 2009 година и тоа од самиот инвеститор, така што според неа ова нивно тврдење е беспредметно.

Денеска покрај Пачемска во cyдот во улога на вешто лице на СЈО беше и професорот Мирослав Грчев, но според законите тој не може да ја има таа улога бидејќи не е геодет.

-Законот за градење е дециден и според него само геодет може да врши мерење по вертикала и хоризонтала на објект и да ги споредува котите од одобрен проект со изграден објект. Ниту архитект, ниту урбанист смеат да го прават тоа. Туку само геодетски стручни лица овластени за таа проблематика, рече Пачемска

Во случајот „Т.H.Т.“ за рушењето на „Космос“, oбвинeти се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот прв човек на транспорт и врски, Миле Јанакиески, екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски и вработените во општината, Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Алекксандра Димитриева.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here