Дома Свет Балкан Косово е заглавено поради корупцијата и кршењето на човековите права

Косово е заглавено поради корупцијата и кршењето на човековите права

291
0
АКЦИЈА

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет изјави дека земјата е „заглавена од корупцијата, нападите врз новинарите, протерувањето на странски државјани без редовен судски процес, насилството над малцинствата“.

Коментарот што Коснет го објави на својот Твитер уследи по објавувањето на извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во 2018 година, во кој како главни проблеми во Косово се наведуваат „насилоното враќање на бегалците или барателите на азил, ендемската корупција во власта, насилството и насилните закани врз новинарите и нападите врз членовите на етничките малцинства или другите маргинализирани заедници“.

Извештајот посебно го нагласува случајот на протерување на шестмината турски државјани од Косово во Турција, каде што, според Вашшингтон, тие се гонат „под неосновани обвиненија“.

Извор Опсервер

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here