Дома Свет Балкан Стејт департмент: Грција и Бугарија ги кршат правата на Македонците

Стејт департмент: Грција и Бугарија ги кршат правата на Македонците

1210
0
АКЦИЈА

Непочитувањата на правата на македонското национално малцинство во Грција и во Бугарија се во последниот Глобален извештај за човековите права кој американскиот Стејт департмент го објави вчера.

Во извештајот во делот за Бугарија се изнесени повеќе критични забелешки за кршење на човековите права, особено врз приведени, потоа за лоши услови во затворите како и корупција, неефикасност и недоверба во судството, и за лош третман на Ромите.

„Нема владини ограничувања за академските слободи или за културни настани. Уставот и законот дозволуваат слобода на мирно собирање и здружување, и владата општо земено ги почитува тие права.

Властите продолжуваат да одбиваат регистрација на групата македонски активисти од ОМО Илинден и покрај пресудата од јануари и десет претходни пресуди на Европскиот суд за човекови права дека на групата и се кршат правата на слободно здружување, забележува американскиот стејт департментот.

Извештајот за Грција исто така има доста сериозни забелешки во врска со почитувањето на човековите права и слободи, особено во делот за притворите и условите во затворите.

Во делот за слобода на здружување иако уставот и законот предвидуваат слобода на собири и здружување, владата продолжува да поставува законски забрани на имиња на здруженија на националности кои себе си се идентификуваат како етнички Македонци или здруженија кои го имаат терминот „турски“ како индикативен или колективен етнички идентитет. Тие здруженија и покрај тоа што не се регистрирани продолжуваат да работат.

Извор Илинден

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here