Дома Популарно Арсовски: Петре Шилегов го доведува во опасност здравјето на сите Скопјани нудејќи...

Арсовски: Петре Шилегов го доведува во опасност здравјето на сите Скопјани нудејќи му ја скопската депонија на бизнисмен од Хрватска

404
0
АКЦИЈА

Петре Шилегов го доведува во опасност здравјето на сите Скопјани, жители на Скопје и околината. Петре Шилегов се врзува со сомнителни бизнисмени од Хрватска за кои има кривични истраги, нудејќи им ја скопската депонија, ова денеска преку соопштение го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оглед на сомнителнотп минато и бизниси на партнерите кои ги одбра Шилегов постои сериозна загриженост дека најрадиоактивното и најопасно ѓубре од странство, може да се носи и рециклира токму тука во Скопје и со тоа да ги труе сите скопјани. Петре Шилегов и Град Скопје во скопската депонија како партнери внесуваат конзорциум од германска, хрватска и македонска фирма, патем македонската фирма е со хрватски капитал, но со сомнителни сопственици со криминално досие за кои се водат истраги и за кои има кривични пријави во Загреб, односно Хрватска. Прашуваме, дали е точно дека нов партнер на Шилегов како градоначалник на Градот Скопје, ќе биде контроверзниот хрватски бизнисмен Петар Припуз, сопственик на хрватската компанија за рециклажа на отпад ЦИОС. Дали е толно дека за истиот Петар Припуз се водат повеќе случаи за корупција, даночно затајување, како и оштета на градот Загреб, каде што заедно со загребскиот градоначалник Милан Бандиќ беше уапсен пред извесно време, потенцира Арсовски.

Тој додава дека партнерот на Шилегов и Градот, Петар Припуз, исто така се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина отпадот бил купен од негова страна односно стигнал физички кај него.

-Дали сега Припуз, откако е контаминирана неговата работа и неговата фирма во Загреб и Хрватска, си наоѓа нов партнер во Градот Скопје и во Петре Шилегов како градоначалник, за да може да реализира нови сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што го увезува и рециклира? Никој не води контрола колку и каков отпад се увезува во Република Македонија, а сега откако овие структури на чело со Петар Припуз влегуваат да работат во Скопје, постои сомневање дека целиот тој отпад од странство ќе се увезува тука и ќе се рециклира тука во Скопје, а најголемата штета ќе ја трпат скопјани, патем ќе бидат труени. Инаку секаде низ светот, бизнисот со рециклажа на отпад и отпадни материи се смета за еден од најкоруптивните и најдобрите пералници на пари. Дали скопјани ќе се трујат од радиоактивен отпад кој ќе се рециклира токму тука во депонијата во Скопје?
Ова ли е грижата на Шилегов за скопјани. Можно труење од радиоактивен отпад и сомнителни партнери на градот кои се гонат во своите земји за опасен криминал.
Ова лудило мора да прекине. Ги повикуваме сите граѓански организации, сите надлежни институции, министерството за животна средина и останатите, да го запрат во намерите Петре Шилегов, бидејќи се работи за животот на сите скопјани. И онака Градот Скопје е најзагаден град во светот, не ни треба и ефективно труење од рециклажа на најопасниот отпад од кој што ќе се увезува од странство, појаснува Арсовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here