Дома Македонија Вести Јоханес Хан: Нема носење одлуки без ВМРО ДПМНЕ

Јоханес Хан: Нема носење одлуки без ВМРО ДПМНЕ

821
0
АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел се сретна и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан.

Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Македонија, на средбата премиерот Заев потенцираше дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија. Премиерот Заев искажа верување дека за само неколку месеци, Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.

На средбата, евро-комесарот Хан го охрабри премиерот Заев да продолжат реформите во земјата. Беше искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуките коишто се од интерес на Република Македонија.

Премиерот Заев на денешната средба со Хан потенцираше дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.

Извор Вечер

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here