Дома Магазин Влатко Лозаноски пред преполна ВИП Арена Борис Трајковски го одржа својот прв...

Влатко Лозаноски пред преполна ВИП Арена Борис Трајковски го одржа својот прв солистички концерт

264
0
АКЦИЈА

ВИП Арената Борис Трајкоски е преполна до последното место. Влатко Лозаноски излезе на сцената и го започна својот прв солистички концерт во кариерата.

Еден од најемотивните моменти се случи на „Сонце не ме грее“, еден од првите хитови на Влатко, кога сите ги отворија мобилните телефони и вип арената светеше како ѕвезди на небото.

Некс Тајм се придружи на сцената. Во вториот дел и Лозаноски почна да пее заедно со нив. И ова е еден од моментите кој долго ќе се памети.
Некст тајм“ се придружи на сцената. Уште кога почнаа да ги пејат првите стихови од „Ја излези Ѓурѓо“ публиката ги надвика со пеење, а најголемото лу дило настана кога Лозано им се придружи во вториот дел од песната.

Тој изјави дека долго го чекал вистинскиот момент за голем солистички концерт, бидејќи според него тоа требало да се случи кога еден артист ќе собере доволен број песни, хитови, кога ќе се изгради како целосен изведувач.

Лозаноски изјави дека не дека претходно немал настапи, напротив, настапувал низ цела Македонија и надвор од неа, но рече дека токму сега е моментот да се собере публиката на едно место.

„Ова лето ќе се памти“, „Жена како ти“ „Мандарина“ и уште неколку весели песни ги разиграа фановите а концертот почна со „Километри“, и „Јако, јако“.

„Не верував дека има надеж, дека некогаш ова ќе ми се исполни. Вие ми докажавте дека има надеж“, рече Лозано, кога ја најави песната „Надеж“.

Извор Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here