Дома Македонија Мистериозна македонска народна песна ја опишува смртта на Александар Македонски

Мистериозна македонска народна песна ја опишува смртта на Александар Македонски

864
0
АКЦИЈА

МИСТЕРИОЗНА МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПЕСНА ЈА ОПИШУВА СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И НУДИ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА УШТЕ ПРЕД НИВНОТО ОФИЦИЈАЛНО ОТКРИВАЊЕ

Во Македонија отсекогаш постоеле фолклорни творби со содржини од античка Македонија и на оваа појава за време на комунизмот не се посветуваше доволно внимание. Постоењето на вакви творби е несомнен доказ за етно-културното наследство во денешните Македонци од страна на античките Македонци. Ќе спомнеме неколку вакви примери.

Босанскиот запишувач на македонски народни умотворби и обичаи Стефан Верковиќ, престојувал во Македонија по­веќе години во средината на 19 век. Тој признава дека бил многу из­ненаден кога во Македонија открил народни песни за личности од античка Македонија. Дури овие песни тој ги прогласил како свое нај­големо откритие. Во едно свое писмо Верковиќ сведочи:

Ова премногу важно и ненадејно откритие се случи во првата четвр­тина на 1865 година. Тоа беше една мала песна за Александар Велики, царот Македонски. До крајот на годината најдов уште две песни за него. След­ната 1866 година наидов на уште постаро откри­тие – на песна за Орфеј!” (Стефан Верковиќ, „Македонски народни умо­твор­би“, книга 5, 1985 год., стр. 347).

Значи, Верковиќ, не само што открил македонски народни пес­ни за Александар Македонски, туку и за Орфеј, за кого се знае дека бил роден и погребан во Македонија.

Стефан Верковиќ оставил и други сведоштва за македонски на­родни твор­би со античко-македонски елементи, на кои наишол за време на својот долговремен престој во Македо­нија. Притоа сведочи дека голем број вакви преданија имало кај македон­ското колено Марваци (жители на дел од денешниот пирински дел од Маке­до­нија). Во веќе спомената книга за Верковиќ (цит. дело, стр. 152), читаме:

Марваците… го населуваат неврокопскиот округ што се прос­тира меѓу планината Кремен и Момина Кула и служи како ес­тет­ски дел меѓу Неврокоп и Разлог… Кај Марваците има приказни и народни преданија од најодамнешното минато, кои би можеле да пополнат многу празни места во општата и месна словенска исто­рија, како и да разјаснат и коригираат многу погрешни и неумесни мислења и докази на старите и нови историчари за народите што живеат на Балканскиот Полуостров, за нивните прадедовци, ста­рите Тракијци, Македонци и Илири… Покрај преданијата и при­казните кај Марваците има и народни пес­ни, многу љубопитни и важни, кои се однесуваат на најдалечното мина­то; на ова се одне­сува и песната за доаѓањето на Словените од Азија (од далеч­ната Кинеска земја, како што кажува песната) на Дунав; уште пес­на­та за Алек­сандар Велики и неговиот коњ Буцефал; за походот негов во Ази­ја и вој­­­ната со Дарие и Пор – царот индиски. Оваа многу важна песна за реше­ни­е­то на потеклото на старите Македонци, Тракијци и Илири, ина­ку е от­кри­ена во селото Керчово, што се наоѓа во Воловиште, Демир­хисар­ски ок­руг, како што ми раскажа овчарот Стојан Мечкаров. Исто таква песна имам и од селото Крушово, во истиот округ, но таа е сос­тавена малку пои­на­ку”.

Стефан Верко­виќ запишал и дека во југозападниот дел на Маке­донија, луѓето себеси се декла­ри­рале како чисти Македонци, потомци на Александар Македонски. Имено, за Маке­донците од овој дел на Маке­донија Верко­виќ тврди дека во најголем број му припа­ѓа­ле на коленото Пули­ваков­ци. Ова ко­лено (пошироко семејство, род), според Верковиќ, го опфаќало целото на­се­ление од повеќе маке­донс­ки градови од југоза­пад­ниот дел на Македонија. Токму таму Верковиќ запишувал фолклорни творби. Пишу­вајќи за народносната свест на Пу­ливаковци (некаде во шеесеттите години на 19 век), на стр. 138 од горе­споме­натата книга, Верковиќ запишал:

Кај Пуливаковците постои предание дека се чисти Маке­донци и по­томци на Александар Велики. Долно-Поленците, а осо­бе­но тие што живе­ат во околината на Пазар се гордеат со старата столица, т.е. со градот Бела, од кој останале само една кула и една карпа, висока пет аршина.”

На бројните песни и други творби со античко-македонска содржина, овде нема да се задржуваме, а овој краток вовед го дадовме за да потенцираме дека песната за која овде пишуваме претставува чисто наследство од античко-македонската култура, што на сето ова му дава посебна тежина. Но, да видиме за што станува збор.

Нашиот познат фолклорист д-р Томе Саздов во својата статија под наслов “Песна за Александар Велики” (“Нова Македонија” 12. 01. 1958, цит. според д-р Кирил Пенушлиски “Митот и фолклорот”, Скопје, 1996) пишува дека во Србија била про­најдена третата збирка со маке­донски песни собрани од Стефан Верковиќ. Во оваа збирка била објавена песна за Александар Маке­донски, која на Верковиќ му ја испеал  слепиот народен пејач Јован Михаилов. Песната била забеле­жана некаде пред 1862 година и ја имало во две варијанти со по 263, т.е. 306 стихови. Песната почнува:

“Чедо си нема цар Филип,

чедо си нема девет години”.

Во продолжение читаме дека Филип  и рекол на својата жена “цар Филиповица” да му роди машко дете додека тој е во војна. Така и се случило. Потоа читаме:

“Царица е затегнала

машко е дете породила

сос прстен на раката,

на прстене бе исписан

и как да го крстат:

крстиха го Александро.”

Истовремено се ождребил и коњот на Филип, чие ждребе имало “нозе до ушите”. Во продолжение читаме:

“И погине цар Филип

и седна му на столнина

Александро чедото му,

да царува да повеља”.

Во песната е спомнато и дека Александар војувал против “цар Хируда” (што секако дека е производ на имагинацијата на народниот пеач).

Во продолжение читаме дека некои двајца браќа  јунаци кои го чувале својот татко затворен во сандак за да го спасат од стариот су­ров обичај на погубување на старците, му помогнале на Александар во борбата да премине една река (откако добиле совет од својот тат­ко како да го направи тоа). Тогаш Александар го забранил обича­јот на убивање на старците (за што ќе пишуваме во продолжение).

Песната продолжува со информацијата дека Александар го на­шол изворот на жива вода, од која донел едно шише, кое му го испиле сестрите, а потоа се сокриле од него во Белото Море, каде до денес живееле.

Потоа е опишана средбата помеѓу Александар и Исус Христос, кој му се појавил преправен во старец, кому Александар му помогнал. Без разлика што овде е спомнат Исус Христос, несомнено дека и ова е мотив од античката митологија, конкретно произлезен од преправа­њето на Зевс како старец и неговото симну­вање на земјата (што е уште еден културен сегмент наследен од античко-македопнската култура).

Меѓутоа, најинтересен е крајот на песната во кој е опишана смртта на Александар:

“Пак си ходи Александро

пак си ходит три дни и три ношти,

та го гонат комарете,

сан не му дават да заспие,

леб не јаде три дни време.

Да замине това поле,

тамо најде мајсторете,

мајсторете дунерето,

това поле камен делат,

камен делат за корито.

Тога рече Александро:

-Аман, брате бре мајсторе,

аман, брате, од комаре,

стој да легна в това камен,

белке мога да се скрие

от мухите, от комарете.

Тога легна ав камене,

де му влезат комарете:

в едно ухо тие влезат,

те през друго излезова.

Там си умре Александро

ав камене от комаре,

царство му е битисало”.

Овој  опис на смртта на Александар е можеби најинтересниот опис од сите останати описи за неговата смрт, кои се среќаваат во народните умотворби кај повеќе народи. Имено, познато е дека за Александар Македонски постојат народни умотворби на околу осумдесет јазици (“History of Western Civilization” By Dr. Ellis L. Knox Boise, Styate University, USA, 1996). Во некои од нив, како причина за неговата смрт, наведени се разни претпоставки.  Така, на пример, спо­ред една византиска легенда Александар бил отруен од некој силен отров што во виното му го сипал неговиот слуга Јола. Слично се рас­кажува и во една романска, шпанска и англиска легенда, а според исламската традиција Александар бил еден од пророците на Алах (подетално за сето ова во книгата од А. Донски: “Уделот на Маке­дон­ците во светската цивилизација”, Штип, 2001/2002, на неколку места).

Сепак, оваа македонска песна драстично отскокнува од сите останати во однос на причината за смртта на Александар. Имено, оние историчари кои ги истражуваат причините за смртта на Алек­сандар (повикувајќи се на описите од древните извори за смртонос­ната болест по која тој починал) сметаат дека Александар умрел од маларија. Токму таков опис на причината за смртта имаме и во оваа песна! Јасно е дека овде маларијата е претставена преку ко­мар­ците (комаре) како нејзини пренесувачи,  кои “сан не му давает да заспие”. И не случајно Александар се жалел на комарците, сфа­ќај­ќи дека тие се причина за неговата смрт:

Тога рече Александро:

-Аман, брате бре мајсторе,

аман, брате, од комаре,

стој да легна в това камен,

белке мога да се скрие

от мухите, от комарете.

Тога легна ав камене,

де му влезат комарете:

в едно ухо тие влезат,

те през друго излезова.

Там си умре Александро

ав камене от комаре,

царство му е битисало”.

Просто е неверојатно од каде слепиот и неписмен македонски пејач Јован Михаилов (од кого во средината на 19 век била запишана оваа песна) ги знаел податоците за смртта на Александар од болест предизвикана од комарци (маларија)! Подато­ците дека Александар умрел од мала­рија аргументирано и научно се пот­крепени дури во 1978 година од страна на историчарот Доналд Ен­гелс, кој прв поаргу­ментирано ја изнесе оваа теорија во својот труд “А Ноте on Alexanders’ Death”. Потоа оваа теорија доби и други поддр­жу­вачи и може да се ка­же дека денес се смета за прифатена од пого­лем дел историчари. От­таму, просто неверојатно звучат стиховите од ма­кедонската песна: “Там си умре Александро/ в камене от комаре” (ли­те­ратурно: “Таму си умре Александар/ во каменот, од комарци”). Ос­та­ну­ва вчудови­ду­вач­ко и познавањето на медицината (комарците како причина, т.е. пренесувачи на смртоносна болест) од страна на маке­донс­ки­от на­ро­ден творец. Имено, се знае дека прв кој ги открил ко­мар­ците како пренесувачи на маларијата бил британскиот истра­жу­вач Роналд Рос. Но, ова откритие тој го направил дури во 1898 го­дина, што значи неколку децении по за­пи­шувањето на оваа народна песна во Македонија! Во 1902 година Рос ја добил Нобеловата наг­рада за медицина поради ова свое откри­тие.

Факт е дека постојат древ­ни записи во кои се опишани инсекти кои летаат како предизвикуваат непријатности кај луѓето, но во античките извори не постои ниту еден запис во кој пишува дека токму комар­ците можат да би­дат причина за нечија смрт. Рековме дека тоа е откриено на самиот крај на 19 и почетокот на 20 век, а во македонс­ката песна токму комар­ците се спомнати како причина за смртта на Александар Маке­донски! Ова навистина претставува мистерија кој допрва треба да се истражува.

Гледаме  дека во песната е спомнат и камениот саркофаг (ка­меното корито, што го правеле мајсторите) во кој Александар бил погребан.

Ова само може да биде уште еден доказ дека делови од содржи­ната на оваа песна се задржале во македонскиот фолклор од 19 век уште од времето на антиката. Едноставно, вистината дека комарците биле поврзани со смртта на Александар од колено на колено се пре­не­­су­вала среде Македонците и така стигнала до времето на Михаи­лов, кој оваа вистина ја пренел преку песната.Камениот саркофаг на Александар опеан во мистериозна македонска народна песнa

Пишува:
Александар ДОНСКИ за Македонска Нација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here