Дома Популарно БОИНГ се извини поради авионските несреќи и ја призна вината

БОИНГ се извини поради авионските несреќи и ја призна вината

439
0
АКЦИЈА

Извршниот директор на компанијата Боинг, Денис Муиленбург, рекол дека очигледно е дека грешката е во нивниот софтвер МЦАС, која предизвикала две неодамнешни авионски несреќи со авионот „боинг 737 Макс 8“.

Да потсетиме, на 10. март се сруши нивен авион во Етиопија кога загинаа 157 луѓе, а минатиот октомври во авионска несреќа во Индонезија настрадаа 189 луѓе.

Истражувачите велат дека постои јасна поврзаност со овие два случаи.

-Нам во „Боинг“ ни е многу жал за изгубените животи во неодамнешните авионски несреќи о авионите 737 Макс 8. Тие трагедии засекогаш ќе остават тешка лузна во нашите срца и умови. Изразуваме сочувство на семејствата на загинатите патници и екипажот – рекол Муиленбург.

Прелиминарниот извештај од истрагата на компанијата „Етиопиан ерлајнс“ покажал дека двете несреќи настанале поради грешката во софтверот на авионот.

-Како што ни објаснија, МЦАС е ризичен систем за патување. Наша одговорност е да го елиминираме тој ризик. Ние ви го должиме тоа и знаеме како да го направиме тоа – рекол тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here