Дома Свет Балкан Maж со нож киднапирал автобус полн патници во Љубљана, па починал

Maж со нож киднапирал автобус полн патници во Љубљана, па починал

500
0
АКЦИЈА

Неименуван 48-годишен маж од Крањ, кој синоќа киднапираше автобус во Љубљана по приведувањето починал во полициската станица и покрај обидите за реанимација.

Словенечката полиција соопшти дека тој киднапирал автобус од јавниот превоз и под закана со остар предмет го принудил да сврти од редовната линија, но откако бил приведен, изгубил свест и починал.

Словенечките медиуми информираа дека напаѓачот со шрафцигер му се заканувал на возачот да сврти кон обиколница, по што возачот го послушал, но минал на црвено светло за да ја алармира полицијата. Исто така, една од патничките успеала да ја извести полицијата. потоа интервенирале повеќе полициски патроли кои го запреле киднапираниот автобус на влезот на автопат.

Медиумите посочуваат дека киднаперот по влегувањето во возилото се однесувал чудно и оти е можно да бил под влијание на дрога.

Извор Република

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here