Дома Македонија Економија Заев “со притисок” ќе ја мотивира администрацијата да се префрли во приватниот...

Заев “со притисок” ќе ја мотивира администрацијата да се префрли во приватниот сектор

356
0
АКЦИЈА

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата дека се зголемува бројот на вработените во јавниот сектор. Тој денеска е во посета на Гевгелија, каде заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев и градоначалникот Сашо Поцков извршија увид на системот за водоснабдување, а имаа и и средби со бизнис заедницата од регионот.

Заев вели бројката во јавната администрација не се зголемува, во моментов се вработени околу 149 илјади граѓани.

–Првично нејзината бројка беше 180 илјади. Се соочивме во политичка криза, не се составуваше Парламентот по изборите, му се даваше, па не му се даваше мандатот на идниот премиер, имаше ситуација дека ќе има, па ќе нема избори. Сето тоа овозможи дел од администрацијата да се намали. Кога станав премиер бројката беше 165 илјади, во моментов е меѓу 148 или 149 илјади. Таа иако се пополнува на потребните места, сепак не се пополнува со таква динамика, колку што се води сметка за нејзиното намалување, рече Заев.

– Сите тие алатки навремено ќе бидат презентирани, еден дел ќе ги финансира државата во одреден временски период за да можат вработените да се преквалификуваат со цел да имаат повисоки плати и поголема можност за напредување и за растење на платите и за севкупен интелектуален напредок, нагласи премиерот. -Тоа е процесот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here